Од:

2017 во онлајн медиумите: Ќе ги разделиме ли важните од лажните вести

Онлајн медиуми: Во 2016-та остваривме „историски успех “, а во 2017-та ќе се разделат важните од лажните

Зошто ни треба воведување медиумска писменост во образованието? Како лажните вести ги турнаа важните? Интересот на јавноста и онака беше компромитиран и од традиционалните медиуми, но можноста секој без никакви ресурси и во потполна анонимност да отвори онлајн медиум, уште повеќе го загрози тој интерес. Па наместо јавноста, денеска гледаме купишта онлајн медиуми кои во центарот на своите цели ги имаат финансиските или политичките цели на моќни лоби групи. Понекогаш  и не е тоа, туку можноста секој да биде медиум на интернет отвори голем простор за глупоста. Каде се тука сериозните медиуми, има ли печатот иднина и како ќе се развиваат медиумите во 2017 година? Специјализираниот портал „ИТ.МК“ објави анализа која се занимава со овие прашања, а во која своите гледишта ги изложуваат Зоран Ричлиев, новинар и специјалист за дигитални медиуми, Срѓан Стојанчов, долгогодишен новинар и Мите Кузевски, дипломиран новинар и основач на ВидиВака. На овој линк прочитајте ја сторијата на ИТ.МК.