Од:

420 – Светскиот ден на канабисот

Ако сте забележале нешто во воздухот денес, не реагирајте агресивно. 20.Април, 420, 4.20, 4/20 е „Светсиот ден на канабисот“, а кодот одговара со нумеричкиот код на марихуаната кој се створил ад-хок а е прифатен низ целиот свет.

Зошто 420?

Според Крис Конрад, управник на Окстердам канабис Музејот во Оукленд во САД, кодот започнал помеѓу средношколците во 1970. Тогаш популарната група помеѓу средношколците, која себе се нарекувала „Валдос“, се собирале во 4.20 попладне за рекреативно да ја употребуваат марихуаната.

Конрад вели, тоа било идеално време за нив, кога биле надвор од училиштето а нивните родители се уште биле на работа, така што биле комплетно слободни да се среќаваат и да консумираат марихуана.

Така 4:20 станал таен код кој го употребувале јавно без никој да знае за што станува  збор, но потоа истиот се раширил низ Калифорнија и низ светот.

Сега тој код е влезен во поп-културата, и на календарот исто така.