Од:

and

80 дена заложничка политичка драма поддржана од Иванов

Денот познат како „Црн понеделник“ кога опозицијата и новинарите беа насилно исфрлени од седницата за носење на буџетот и тепани во парламентот навести мрачно поглавје во македонската демократија. Ова поглавје навести период исполнет со кризи кои генерираа неизвесност во земјата која својата современа историја на независна држава почна да ја гради врз темелите на имиџот на мирољубивиот концепт уште кога успеа мирно да се издвои од разгорената Југославија и да се избави од една од најстрашните војни на континентот во 20 век.

На оваа криза и претходеа прекршувањата на слободите на изразување и медиуми најдобро илустрирани преку насилното затворање на првата и најголема независна телевизија А1. Од таму, преку црниот понеделник, објавувањето на таканареените бомби на опозицијата кои го покажаа лицето на клептократската и длабоко корумпирана власт се стаса и од пржинскиот договор.

Тој требаше да ја извади земјава од веќе длабоката политичка криза во која беше втурната. Така стигнавме до предвремените парламентари избори во декември 2017 година. Но наместо излез, тие ја втурнаа Македонија во уште поголем безизлез. Во сиот тој период кој од земјава веќе направи закана за безбедноста на регионот и геополитички проблем, претседателот Ѓорѓе Иванов или човекот кој по функција би требало да учествува во процеси на помирување наместо на разидување, пред граѓаните се појави два пати.

Еднаш кога го додели мандатот на ВМРО-ДПМНЕ и сега, завчера, кога го разгоре пламенот на омразата и се одби да го додели мандатот на мнозинството во парламентот. Во Македонија растат тензиите по повикот на Никола Груевски за „народна пресметка на улиците“ придружени со насилство врз неистомислениците на партијата, но расте и бројот на пресметки помеѓу обичните граѓани врз база на етнички и идеолошки поделби. НОВАТВ направи хронологија на настаните од денот на изборите до денес. А во неа, претседателот речиси и го нема. Таткото на нацијата преспа се до завчера, кога го отвори патот кон уште посериозни тензии и проблеми.

На 11.12.2016 година се одржаа предвремени парламентарни избори. Резултати: ВМРО-ДПМНЕ 51, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5 , АА 3, ДПА 2. Се навести период на тешки и мачни преговори бидејќи ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ немаа доволно пратенички места кои ќе им гарантираа извесност во формирањето на влада.

На 16.12.2016 избрани и именувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и членови на партијата воглавно од редовите на диреткори на јавни претпријатија и административци, но и симпатизери се собираат пред Државната изборна комисија додека таму се расправа и одлучува по жалбите на политичките партии БЕСА и СДСМ. Директорот на Државниот архив Филип Петровски упатува пораки за линч на американскиот амбасадор. Директорката на Комисијата за односи помеѓу верските заедници Валентина Божиновска одржува жесток и вознемирувачки говор во кој упатува закани кон неистомислениците преку пораките до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ собрани пред ДИК велејќи дека „оваа ноќ била ноќ на ножевите. Тогаш прв пат се навестува стратегијата на владејачката партија за креирање тензии и нестабилен амбиент во земјата во која тие гледаат како не земја во која нема место за критичарите и неистомислениците, а уште помалку простор за друга власт освен нивната.

Оваа стратегија и се потврдува веќе следниот ден кога на 17.12.2016 самиот Никола Груевски излегува пред Државната изборна комисија да го прочита таканаречениот проглас донесен на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Остар, гневен и со доза закани кон странските претставници и невладините организации, но и со суптилни повици за непризнавање на институциите на државата доколку се случи ДПМНЕ да не прави влада, ова накусо беа поентите од говорот на претседателот на ВМРО–ДПМНЕ пред ДИК.

Визуелен приказ на настаните од изборите во 2016 до денеска (Кликни за зголемена верзија)

На 30 декември 2016 година се одржа првата конститутивна седница на новиот собраниски состав. Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељановски кој  за свои заменици ги назначи пратениците Стојан Миланов и Јусуф Асани.

На 9 јануари 2017 година претседателот на државата Ѓорге Иванов му го додели мандатот за составување на новата влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој има 20 дена рок кој треба да поднесе програма и предлог за состав на нова влада до Собранието.

На 28 јануари 2017 година тројцата потпретседатели на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити вечерва биле во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) откако го напуштија состанокот на централното претседателство на ДУИ.

На 29 јануари 2017 година во дневникот во 21 часот на „Сител“ имаше најава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја прифатил платформата на ДУИ.

На 29 јануари 2017 година ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат. Тие велат дека одржување на нови избори е зрело решение за кризата.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план.

На 30 јануари 2017 година Собранието го известува Иванов дека не е формирано мнозинство во Парламент.

На 1 февруари 2017 година претседателот Иванов постави услови за оној што сака да го добие мандатот за формирање на влада.

Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритети – прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата и второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонијa”, изјави Иванов.

На 6 февруари 2017 година, потпретседателите на ДУИ, Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, денеска се сретнаа со претставници од СДСМ, односно од работна група составена од Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски. Состанокот се одржа во Холидеј ин.

Првата ваква средба доаѓа откако претседателот Иванов побара од Социјалдемократите да соберат 61 потпис како доказ дека имаат мнозинство за формирање влада, за потоа да им го додели мандатот.

На 12 Февруари 2017  ДУИ ги демантира тврдењата на Никола Груевски дека Али Ахмети никогаш не побарал писмена гаранција зашто, како што изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал доверба во ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот Бујар Османи е дециден – гаранцијата што се бара од СДСМ е истата што беше испорачана и до ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е истата што ја имавме со ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите – јасно да се детализира законот за албанскиот јазик и целата платформа да се смета заедничка платформа за евентуална владина програма”, рече Османи.

На 20.02.2017 година Лидерот на СДСМ на прва формална средба со лидерот на ДУИ. Заев објаснува дека барањата на албанскиот политички фактор не излегуваат од рамките на Уставот

На 24.02.2015 ДУИ донесе одлука да ги даде потписите за формирање Влада на СДСМ. Доцна вечерва ова го изјави портпаролот Бујар Османи.

„Преговорите за Влада ќе продолжат, потписите не значат и дефинитивно дека ќе се прави Владата, но преговори ќе има со СДСМ. Потписите ги даваме за да ги запазиме роковите и за да не се губи премногу време“, изјави Османи.

На 26 февруари Груевски во интервју за „Сител“ го повика народот да си ја одбрани државата.

„Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“, рече Груевски.

На 27 февруари 2017 Заев ги доставува потписите до Иванов

На 27 февруари 2017 година  прв протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ која навидум не е партиска, а пред штабот на ВМРО-ДППМНЕ во близина на владата се собираа потписи од присутните граѓани.

28 февруари 2017 година, втор протест на движење „За Заедничка Македонија“. Нападната е новинарска екипа и неколку други граѓани.

01 март 2017 година Претседателот Иванов одлучува да не го додели мандатот на Зоран Заев.