Од:

Среќното семејство на ВМРО

Сите навидум среќни семејства на диктаторите се налик едни на други, секое е несреќно на свој начин.  Еден поинаков Толстој, преку судбината на Гулнара Каримова.

Таа е ќерка на починатиот узбекистански претседател, Ислам Каримов и последниве години исчезна како никогаш и да не била. Овие денови почна да се пишува дури и за нејзината смрт, додека некои други медиуми, про-руски, тврдат дека таа е среќна, жива и со долгите, негувани нокти, наведната е над мобилниот и твита.

gul3

Порталот Центар 1, кој вестите ги објавува на руски јазик, напиша дека е убиена- отруена и закопана во Ташкент. Но, се почна пред три години, кога во игра стапи борбата за престолот на диктаторот, нејзиниот татко.

Тоа е така секогаш со диктаторските чизми,  не само што газат, туку и ги закопуваат сите што се осмелиле да ја стават под прашање чизмата, или пак да соблечат, за да ја вкалупат на својата нога.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Да, интригите во принцип се дел од политиката, но исчезнувањата, мистериозните болести, сомнителни сообраќајки, чудни самоубиства, заташкување на убиства, тие се сепак специјалност на власти кои ни се дури и нам познати, не потсетуваат по истиот редослед на следниве луѓе: Мартин Протуѓер (исчезнат од политиката), Зоран Ставревски (мистериозна болест), Никола Младенов (сомнителна сообраќајка), Коста Крпач (чудно самоубиство), Мартин Нешковски (скриено убиство).

Гулнара Каримова имаше несреќа да биде обвинета за планирање пуч, а таа ги обвини мајка и и сестра си за ковање завера против неа. Во 2014 е ставена под домашен притвор. Прашањето е- што се случува со нејзините две деца, кои исто така исчезнаа од јавноста? Порталот Центар 1 ги поставува овие темни, тешки прашања.

Внимавајте, веднаш влетува про-владиниот медиум Риа Новости пишува текст за Гулнара, дека е жива и се разбира дека е среќна, не треба тоа и да го напише, се подразбира. Докази нема, ниту други информации. Таа маестрално безочна, пропагандистичка медиумска војна, таа функционира секаде- така позната и призната во оваа земја како курирска, ништо полоша од узбекистанската.

gul

Затоа и кога Би-Би-Си добива писмо од Каримова, која се жали на ужасниот третман под притвор и потоа Uznews.net објавуваат фотографија како таа пие Несквик, да, но во крајно негламурозни услови. Што станува со Uznews.net нема потреба да се праша- се разбира дека повеќе не постои.

Но, се сеќавате на Порталот Центар 1, кој објави дека Ѓулнара Каримова е убиена? Главна уредничка е Галима Букарбаева, обвинета од власта дека е предавничка кога објавува за Андијан масакрот и заради тоа, таа мора да ја напушти земјата. Но, токму оваа новинарка била уредничка на Uznews.net.

Тоа така изгледа во ваквите земји- некои медиуми исчезнуваат, како што е случајот со А1 ТВ, се основаат нови, како што е НОВА ТВ,  со новинари- предавници, во очите на власта и нивните поддржувачи. Македонската приказна е несреќна на свој начин, како и узбекистанската.

Но, Каримова таа година, 2014,  го губи Твитерот, некој и го брише, за пред еден месец, кога умира нејзиниот татко, да се случи пресврт.

gul1

Таа невообичаено, манијакално почнува да твита, како порано што само знаела. Узбекистанската тајна служба истражува и открива дека овој нејзин профил е лажен. Но, не дава одговор каде е Ѓулнара Каримова, добога?

Во Узбекистан не се грижат премногу можеби за неа. Во оваа земја има многу исчезнати, избришани, прогонети и избегани, никогаш непојавени, што судбината на Каримова е само една од многуте судбини. Тоа е судбина на добиена порака на секој иден непослушник на диктаторот.

Се прашувате зошто пишувам за Ѓулнара Каримова? Има едно важно прашање – која е пораката на ВМРО да не се потпише зад кампањата Стоп на насилството врз жените?

Така изгледаат семејствата во диктаторските земји. Во несреќата наликуваат едни на други, ниту едно не е среќно на ниту еден начин.