Од:

Агенцијата „Венера“ што ги измами студентите доби забрана за работа

Агенцијата за посредување при вработување „Венера“ доби забрана за работа во траење од триесет дена, соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Државниот инспекторат ќе поднесе и барање за поведување на прекршочна постапка против битолската агенција.

Агенцијата спроведе две инспекции, (на 5.7.2017 година и на 14.7.2017 година) откако група студенти обвинија дека биле измамени од агенцијата, и наместо да добијат работа во германија, агенцијата им ги зела парите.

Студентите велат дека агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати по околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад (како што велат, околу 150 евра) ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и други.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па тие се организираа самоиницијативно преку социјалните мрежи и го пријавија случајот.