Од:

Ахмети до Каранза: ДУИ нема да брза со донесување одлука

Предлог законот за албанскиот јазик е подготвен и веќе е доставен заедно со другите спорни прашања и претставува предуслов за некој евентуален договор, но договор нема. Ова му го соопштил претседателот на ДУИ, Али Ахмети  на амбасадорот на Шпанија во Македонија,Рамон Абароа Каранза. На средбата во Тетово, Ахмети и амбасадорот Каранза размениле мислења за политичките случувања во земјата како и создадената ситуација по изборите на 11 декември.

„Ахмети се осврна на политичкиот напредок до изборите од минатата година кои произведоа резултати кои создадоа внатрешнопартиска дебата за петте можни опции на ДУИ. Но, ДУИ нема да брза во однос на донесување одлука без анализа и без да биде сигурна дека тоа е правилна одлука која ќе им служи на граѓаните и на очекувањата на нашите гласачи, но и на стабилноста и безбедноста на земјата“, соопштуваат од ДУИ.

Ахмети и Каранза зборувале за владеење на правото, евро-атланската интеграција како и заедничката изјава на албанските политички партии кои претставуваат и столб на определбите на ДУИ во овие разговори.