Од:

Ахмети е на средба со Заев, до крај на денот ќе има состав на Владата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во моментот е во седиштето на СДСМ, на работна средба со мандатарот Зоран Заев. Ахмети на Заев му ги образложува предлозите на ДУИ за министри, но ќе се разговара и за евентуалните кандидати од СДСМ.

Се очекува на средбата да се придружи и Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, која ќе биде дел од владината коалиција.

Вечерва заседава Централниот одбор на СДСМ, по што се очекува да бидат соопштени имињата на идните членови на владата. Тоа најверојатно ќе се случи во утрешниот ден.