Од:

Ахмети ги повика сите албански партии на состанок

Лидерот на ДУИ Али Ахмети за утре во 13 часот закажа средба на лидерите на албанските партии во Македонија, потврди портпаролот на партијата Бујар Османи за Порталб.мк.

Без да открива повеќе детали за средбата, Османи кажа дека се повикани сите албански партии да учествуваат.

„Во сабота се повикани сите албански партии без исклучок“, изјави Османи за „Порталб.мк“.

Се очекува на средбата да се дискутира за ситуацијата во земјата по изборите на 11 декември, по кои формирањето на новата влада зависи од обединувањето на албанските партии, објавува порталот.