Од:

Ахмети: Ние сме зад развиените земји

На митингот на ДУИ вчера во Домот на културата во Тетово каде што беа промовирани кандидатите на Изборната единица број 6, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред голем број на жители рече дека партијата ќе продолжи да стои неразнишана во своите убедувања и заветувањата за доброто на граѓаните Албанци.

Исто така, Ахмети рече дека ова ќе биде мандат кој изискува капацитети во сите области, особено во градењето на политиките и надминувањето на проблемите кои немаат повеќе време за чекање.

– Оваа земја треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите со соседите, затоа што непријателствата, нерешените проблеми, нам не ни оставаат можност и простор за развој и напредок, затоа што сме зад развиените земји, затоа, за да се материјализираат овие големи прашања, како што е прашањето за името, статусот на албанскиот јазик, без оглед на напредокот што се прави, за да се затворат наведениве поглавја, треба пред се да се има смелост, познавања, силна подготовка за дебата и судири, меѓутоа, не вооружени судири, туку интелектуални и научни и на крај, треба да се очекува триумфот. Овие големи прашања никако не можат да се решат од аџамии, туку ги решаваат мисионери, луѓе кои ги наоѓаш само во ДУИ, луѓе кои што знаат најдобро да ја бранат националната кауза – изјави претседателот на ДУИ.