Од:

Ахмети побарал помош од САД и ЕУ за надминување на предизвиците

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Американската амбасада во Скопје имал заедничка средба со заменик-амбасадорот на САД во СкопјеМикаела Швајцер Блум и Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, информираа од ДУИ.

Во соопштението се вели дека се разговарало за формирањето на новата реформска влада, при што Ахмети го повторил ставот дека ДУИ е целосно е посветена на спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во ЕУ, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места.

Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања, рекол Ахмети, велат од ДУИ.

Во соопштението се вели дека Ахмети потсетил дека во 16 години од неговите активности во рамки на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, и побарал помош од страна на САД и ЕУ за надминување на  предизвиците  и за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија.