Од:

Амбасадата на САД се залага за транспарентност

Американската амбасада во Македонија денес кусо реагираше на вчерашната тужба на невладината организација „Џудишл Воч“ против Стејт Департментот и Агенцијата УСАИД во Македонија. Во која се вели дека тужбата на „Џудишл Воч“ е помеѓу другото и барање за информации а не е кривична тужба.

На веб-страницата на „Џудишл Воч“ пишува дека станува збор за тужба против Стејт Департментот и Агенцијата УСАИД во Македонија согласно Законот за слобода на информации заради податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

„Џудишл Воч“ го тужи Стејт Департментот поради тоа што не ѝ дал пристап до информации од јавен карактер согласно Законот за слобода на информации. Оваа организација, блиска до републиканците во САД, бара одговори од американската амбасада во Скопје и од Стејт Департментот за тоа како се трошеле парите на американските даночни обврзници преку програмата на УСАИД.

„Џудишл воч“ тврди дека фондацијата Отворено општество во Македонија добила околу 5 милиони долари за проекти од УСАИД во период од 4 години.

Американската амбасада во Скопје потсетува дека владата на САД се залага за отвореност и транспарентност а во тоа важна улога игра токму Законот за слобода на информации кој и дава право на јавноста да добие податоци за работата на владата.

Но во однос на самата тужба, Стејт Департментот нема да коментира се додека нема конечна судска одлука.



Comments are closed.