Од:

Американските разузнавачи ќе сведочат за врските на Трамп со Русија

Џејмс Коми, ФБИ

Директорите на Федералното истражно биро (ФБИ) и Националната безбедносна агенција (НСА) денеска ќе сведочат пред Конгресот на САД за потенцијалните врски на претседателот Доналд Трамп со Русија и за неговите тврдења дека го прислушувал бившиот поретседател Барак Обама.

Џејмс Коми и Мајк Роџерс за првпат ќе говоорат за овие две прашања, што ја окупираа американската јавност минатата недела.

Коми ќе сведочи пред Комитетот за разузнавачки прашања на Претставничкиот дом на сослушувањето во текот на кое ќе биде испрашуван за вмешаноста на Русија во предизборната претседателска кампања во САД лани.

Трамп на Твитер напиша дека обвинувањата дека работел со Русија се лажни.

-Таа приказна е лажна и тоа сите го знаат, напиша Трамп денеска.