Од:

Амнести Интернешнл: Заткулисни политички пресметки го попречуваат СЈО

Обвиненијата кои следат по откритијата за висока корупција од 2015 година се попречуваат со зактулисни политички пресметки, додека заштитата на сведоци беше ограничена.  Ромите се соочуваат со дискриминација во пристапот до основните права и услуги, а бегалците и мигрантите се редовно назад на границата со Грција или се соочуваат со притворенички услови во сиромашниите капацитити во Македонија, ова е резиимето за Македонија од последниот нов извештај на глобалната организација „Амнести Интернешнл“ за состојбите со човековите права во светот.

Специјалното обвинителство беше оформено во септември 2015 година со задача да ги истражи вмешаните фунцкионери во скандалот со прислушувањето, како и да ги истражи криминалите на политичарите. Обвинителството продолжува да се соочува со притисоци при вршењето на својата работа. Во октомври парламентот го одби предлогот за продолжување на мандатот на обвинителството којшто трае до јуни 2017, а одбиен беше и предлогот за подобрување на заштитата на сведоци, забележува „Амнести Интернешнл“.

Извештајот е критичен и за одноност на Македонија кон бегалците од начинот на кој земјата ги сместува тие малку бегалци кои влегуваат кои во извештајот се опишани како „притворенички услови“, а забележани се и настаните кои следеа по затворањето на границата со Грција за проток на мигранти додека се случуваше хуманитарната криза во Идомени. Осум бегалци од Сирија и Афганиста веќе поднеле и формални поплаки до Европскиот суд за човекови права поради незаконско враќање од страна на македонските власти во Грција. Во делот кој што ги третира правата на Ромите издвоен е случајот со присилното протерување на група од 53 Роми  – бегалци од војната во Косово во 1999 година. Овие лица исто така ја тужат Македонија во Европскиот суд за човекови права.