Од:

АМСМ: Внимателно по патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат, a постои опасност и од појава на голомразица, предупредува АМСМ.

Во моментов има забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебара АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

АМСМ информира дека од 15 јануари до 1 април патниот правец Ресен-Охрид ќе биде затворен за сообраќај.