Од:

АНАЛИЗА: Без илузии – 2017 е на нишан на кризата

Неминовно, и оваа 2017 година ќе биде економски “загубена“. Невработеноста, јавниот долг, ниската конкурентност ќе бидат засенети од се уште длабоката политичка неизвесност, оценуваат дел од економистите во анализата на Portalb.mk.

Она што треба да биде приоритет според нив е целосно отворање на јавните финансии, односно транспарентност кој ќе овозможи да се добие вистинска слика за тоа во каква финансиска кондиција е економијата, а пред се приватниот сектор.

Равојна или “фингирана“ економија?

Со оглед на присутната политичка криза, која и да заврши со  формирање нова Влада, нема да се намали притисокот од неизвесноста врз економијата.

Универзитетскиот професор Семи Бислими смета дека и годинава ќе се бориме за позитивна стапка на економски раст, која нема да значи и подобар животен стандард. Проблем ќе биде и невработеноста, сиромаштијата, неликвидноста.

“Тоа се проблеми кои бараат многу труд, знаење, пари и време. Но, оптимист сум дека, веќе првите неколку недели на новата владина гарнитура, ќе имаме претстава во кој правец чекориме. Најбитно од се, утврдување на реалните, неодложни приоритети и поддршка (институционална, матерјална, финансиска и со хумани ресурси, да се концетрираат во спроведување на проектираните цели. Во никој случај обезбедувањето на пари не треба да биде пречка за да се доведе во прашање реализацијата на овие приоритетни цели“, вели за Portalb.mk професорот Бислими и додава:

“Свесен сум дека нашето стопанство е исцрпено, јавните финансии се оддржуваат во живот по пат на задолжување, но, сега е време за вистински потфат, ќе се задолжуваме со јасна цел, за јакнење на производниот капацитет на домашната економија, пристап кој ќе овозможи, поголема домашна понуда, зголемена вработеност, зголемен извоз, зголемен нето прилив во тековната сметка, зголемен прилив и во финансиската сметка, се разбира, тоа не се постигнува за три или шест месеци, но првите сигнали од таквиот приод ќе бидат видливи“, вели Бислими.

Деновите што доаѓаат нема да бидат лесни за стопанството, велат економистите. Клучно прашање што сега се поставува е кој и како ќе ја менаџира економијата. Дел од стопанствениците алармираа за долгови на државата кон приватниот сектор што се бројат во стотици милиони евра.

Дополнително – веќе на некој начин е заглавена и исплатата на субвенциите во земјоделството а има и информации за доцење на исплатата на одредени државни додатоци. Се ова се сигнали дека дека економијата е длабоко загазена во неизвесност, сметаат економистите.

“Клучните проблеми во оваа 2017 година се со широк опфат што се протега од брза и темелна анализа и истражување на постојните состојби во економијата и сферата на јавните финансии што веројатно се многу потешки од јавно прикажаните, преку утрврдување на задачи, инструменти и мерки за краткорочна, но и за стратешка, долгорочна консолидација, па се до решавањето на акутните секојдневни проблеми. Во тој контекст ќе мора да се имаат предвид традиционалните проблеми на македонската економија со кои ќе мора да се соочи идниот министер и Владата во целина (низок животен стандард, висока невработеност, нефункционирање на пазарниот механизам, внатрешни и екстерни дефицити на економијата, ниска конкурентност на економијата, преголемата улога на јавниот сектор во економијата и сл.)“, вели за Portalb.mk универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски.

Дел од аналитичарите потсетуваат и на пораките од меѓународните финансиски институции, особено на препораките и забелешките што ни ги испорача Европската комисија.

“Како еден од најголемите економски проблеми, со кои ќе се соочи Македонија и оваа година се фискалните политики. Извештајот на Европската комисија (ЕК) за Македонија во 2016, јасно забележува дека управувањето со јавните финансии не е подобрено и дека јавниот долг е зголемен. Дополнителен товар претставува нетранспарентноста околу фискалните политики, особено околу вкупната и вистинската големина на јавниот долг со цел да се направи идно правилно и домаќинско буџетско планирање“, оценува Бојан Маричиќ од Центарот за европски стратегии.

Годинава, двоецот ДУИ-ВМРО ДПМНЕ веќе го троши досега најгломазниот Буџет од 3,3 милијарди евра со прокетиран раст од 3 отсто. За годинава е планирано и најавено издавање на нова Еврообврзница, односно ново задолжување од странство за покривање на дупката во државната каса.