Од:

Аневски:Јанева и Фетаи го навредиле Судот, да се назначи нов обвинител

Советот на јавни обвинители вчера одржал седница на која ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд во оставка Татјана Михајлова и донел заклучок дека двете обвинителки од Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс. Ова денеска го изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, кој исто така ги информираше новинарите дека денешната седница на Советот е одложена.

„Двете обвинителки го прекршиле кодексот и наша препорака до нив е да се назначи нов јавен обвинител во конкретниот случај, изјави Аневски.

На последното рочиште за овој предмет што се одржа на 22 минатиот месец и двете обвинителки влегоа во жестока расправа со судијката  во оставка Татјана Михајлова, по што таа двете ги казни по 2.000 евра за непочитување на судот.

Следното рочиште за овој случај е на 10 март.

Во овој случај обвинети се 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството. Првообвинет е Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова.

Според обвинението, Груевски во случајот кој беше обелоденет во една од „бомбите“, е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.