Од:

Англија: Ливерпул без финале во Лига купот

Ништо од финале меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед во англискиот Лига Куп. Саутемптон на „Енфилд“ го порази тимот на Јирген Клоп со 1:0 и со вкупни 2:0 осигура место во мечот за титулата на „Вембли“. Стрелец на единствениот гол за „светците“ од „Сент Мери“ беше Шеј Лонг во судиското продолжение на средбата.

Фудбалерите на Ливерпул имаа преку 70 отсто посед на топката, но патот до мрежата на Форстер не успеаја да го пронајдат. Саутемптон во финалето го очекува подобриот од двомечот меѓу Манчестер јунајтед и Хал сити. „Црвените ѓаволи“ на Жозе Мурињо имаат 2:0 од првата средба. Реваншот е вечерва (20,45 ч.) на стадионот на Хал.