Од:

Антонио Милошоски се подготвувал за нотар среде кампања

Антонио Милошоски кој во кампањата за предвремените парламентарни избори годинава беше носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, си ја подготувал својата нова канцеларија каде што ќе работи како нотар, ова денеска го соопшти Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) којшто до медиумтие испрати документ од Министерството за правда.

Документот во прилог покажува дека додека ги лажел граѓаните на Македонија, Милошоски се подготвувал да стане нотар и да ги застапува исклучиво своите, наместо интересите на сите граѓани за кои наводно се залагаше како носител во Изборната единица пет. На Милошоски му е јасно дека  политиките на поделби и омраза кој ги водеше неговиот шеф Никола Груевски доживеаја тежок пораз на последните избори и затоа реши да го напушти режимот кој тоне. Граѓаните масовно го поддржаа Планот за живот во Македонија и тој наскоро ќе почне да се реазлизира и ќе донесе добар живот за сите, се вели во соопштението на СДСМ.