Од:

Апел: Да донираме за Павел, да помогнеме за живот

Младиот Павел Беќаровски од Скопје беше повреден од струен удар по што заврши на клиниката КАРИЛ во Скопје. По неколку дена поминати на скопските клиники, детето е префрлено на лекување во Англија. Павел е во вештачка кома, а за следната интервенција потребни се 25.000 евра. Пари кои неговите другарчиња и соученици помагаат да се соберат.

По тридневно лекување поради сериозноста на повредите беше пренесен на клиника во Велика Британија каде ќе продолжи лекувањето. Но за тоа лекување се потребни многу средства.

Да спасиме еден детски живот, да помогнеме сите!

Учениците од основното училиште „Партенија Зографски“ последниве десетина дена не јадат за време на големиот одмор. Имено, тие доброволно ги чуваат сите пари кои родителите им ги даваат за да си купат ужинка и ги собираат за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел.

 

Донирајте со повик на
070 143-106 за корисници на Телеком
143-481 за корисници на Оне.ВИП

и на трансакциска сметка
210 5016488290 38
Лорена Беќаровска
НЛБ Тутунска банка
Цел на дознака: Донација за Павел