Од:

АТП Мастерс: Ѓоковиќ загуби само три гема со Гофан

Давид Гофан, замената за Гаел Монфис, не беше достоен ривал на Новаќ Ѓоковиќ во последното коло во групата Б на АТП Мастерсот во Лондон. Српскиот ас не му дозволи на Белгиецот да „помириса“ сет и со 6:1, 6:2 се потврди како полуфиналист на турнирот на осумте најдобри во сезоната. Противникот во дуелот за финале ќе го дознае денеска по одигрување на мечевите Мареј – Вавринка (15 ч.) и Нишикори – Чилиќ (21 ч.).

„Се чувствувам подобро во однос на другите мечеви во Лондон. Го подигнат нивото на игра и тоа е добар знак. На Гофан не му беше лесно да излезе на терен по повредата на Монфис. Не ми беше и на мене. Морав да се прилагодам на ситуацијата бидејќи се различни тенисери“, рече Ѓоковиќ.

Запрашан дали борбата со Енди Мареј за прво место на АТП листата прави да се чувствува под стрес, тој додаде:

„Нема стрес. Зошто би имал? – Овде дојдовме да играме и да уживаме. На теренот се забавуваме, ова е еден од најголемите турнири во светот“