Од:

АТП Мастерс: Вавринка го откажа Чилиќ

Стен Вавринка го совлада Марин Чилиќ со 7:6, 7:6 во меч од второто коло во „Мекинро“ групата на Мастерсот во Лондон и остана во игра за полуфинале на завршниот турнир. За тоа на Швајцарецот му е потребен триумф против Енди Мареј во третото коло, но и од исходот на средбата меѓу Нишикори и Чилиќ да биде во негова полза со оглед дека јапонскиот тенисер го порази со 2:0 во воведното коло.

Новак Ѓоковиќ засега е единствен полуфиналист на престижниот АТП настан во „О2 арена“. Вавринка со 11 триумф во 13 меч со Чилиќ ја одложи промоцијата на Мареј и ја искомпликува ситуацијата во групата. Доколку победеше Хрватот, тогаш Мареј ќе беше сигурно прв на табелата пред дуелите од последното коло што ќе значеше и избегнување на Ѓоковиќ во нокаут фазата што ќе се случи ако Британецот биде подобар од швајцарскиот тенисер.

Ако, пак, Вавринка го изненади Мареј, во таа ситуација и двајцата би можеле да продолжат во полуфинале за што, сепак, ќе им треба и победа на Чилиќ против Нишикори. Во случај да слават Вавринка и Нишикори во петок, одлучувачки ќе биде сет количникот во групата.