Од:

АТП Ротердам: Цонга со турнирска победа по 17 месеци

Фото: atpworldtour.com

Жо Вилфред Цонга е освојувач на АТП турнирот во Ротердам од серијата 500. Во финалето на 1.854,365 милиони евра вредниот настан, Французинот беше подобар од Давид Гофан со 4:6, 6:4, 6:1.

Цонга на тој начин го подигна 13 трофеј во кариерата, прв по пауза од 17 месеци. Со Белгиецот се пресмета по шести пат пришто ја забележа четвртата победа, вкупно 401 на АТП турот.

За Гофан, пак, ова беше втор пораз во финале за само недела дена. Минатиот викенд загуби од Григор Димитров на АТП турнирот во Софија.

АТП Ротердам – Серија 500 – награден фонд 1.854,365 милиони евра

Финале: Цонга (Франција) – Гофан (Белгија) 4:6, 6:4, 6:1