Статии од Менче Атанасова Точи

(ВИДЕО)Сведоштво:“Тргувал ли гинекологот со моите јајце клетки“

Приказната која пред камерата на НОВА ја обелодени млада жена, може да ја прошири истрагата на тоа што с е случувало со материјалите од сопружниците и ембрионите кои биле замрзнувани


Оштетени лица ќе сведочат против гинекологот, ФЗОМ и ОЈО не реагираат

Додека ФЗОМ и ОЈО не реагираат во случајот со гинекологот, многу граѓани изјавија дека ќе сведочат за своите голготи. Едни од нив се и брачен пар од Неготино кои освен ваучер од 80 000 денари за Ин витро платиле и 90 000 за како што велат, лажна операција


Истрагата за гинекологот може да доведе злоупотреби од големи размери

Дали случајот со гинекологот кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена отвора можност за поголема истрага во која треба да се вклучи МВР и Фондот за здравство? Каде завршувале ембрионите, што се случувало со јајце клетките, зошто нема извештаи за тоа?


Гинекологот добивал откази, министерството знаело и за друг случај

Во Министерството за здравство уште во 2013 та година била поднесена претставка од пациентка која пријавила дека три месеци била манипулирана и лажена од гинекологот Никола Дамчевски дека е бремена


Ново сведоштво: Ми гарантираше дека ќе направи да родам машко бебе

Истиот гинеколог успеал два месеца да ја лаже Јасмина А. од Кавадарци дека е бремена при што и давал непотребни лекарства иако жената веќе имала две деца и можела да забремени по природен пат. На сопружниците им ветувал дека може да направи да добијат машко бебе и за тоа им земал 5000 евра


Жртви на здравствениот систем

Во 21 век во Македонија огромен број пациенти умираат од бактерии со кои се заразуваат во болниците. Одат да се лекуваат од едно, а умираат од болнички бактерии. Семејствата најчесто не се ниту свесни за тоа.



Гинеколог девет месеци лажел пациентка дека е бремена

Гинеколог од Скопје цели девет месеци ја манипулирал и лажел неговата пациентка дека е бремена иако во нејзиниот стомак не постоело никакво бебе. За време на лажната бременост, докторот правел гинеколошки прегледи, мерел грло на матка, вербално ја убедувал дека е бремена, ја терал да прима непотребни лекарства и терапии


Дервишова: Вакво раководство на Лекарска комора да не се повтори

За тоа како се носеле незаконски одлуки во Лекарската комора, а раководството си вработувале свои блиски роднини. Како се менаџирало со парите? Зошто комората не прави ништо за лекарите да не заминуваат во странство? До каде е изборот на ново раководство?


Геноцид

Каков пораз за оваа држава! Луѓе умираат зашто не можат да дојдат до лекови. За што повеќе да зборуваме, тогаш? Сето ова ќе влезе во историјата што ќе ја пишуваат идните генерации. Тие што ќе го преживеат овој геноцид