Статии од Светлана Јовановска

Саботните мајки на Истанбул и приказната за нивните исчезнати деца

Речиси секоја сабота околу пладне, на раздвижената трговска улица Истиклал во Истанбул може да се види истата слика: група од неколку десетици жени седат на тротоарот со запалени свеќи, со црвени каранфили и со слики на повеќе десетици млади момци или мажи. Главно молчат. Од време на време некоја од нив зема збор и ја раскажува својата трагична приказна.


ЕУ се спрема за избори а кандидатите за претседател на ЕК за дебата

Европските политички партии определија свои кандидати за местото на Баросо. Но може да се случи никој од декларираните кандидати да не оди во ЕК, туку дека човекот за оваа функција повторно ќе го изберат лидерите на земјите членки. Самото тоа, за многумина, ова е еден вид «атентат» врз волјата на гласачите и самиот Лисабонски договор.


Русија и ЕУ: и волкот сит и овците на број

За ЕУ приоритет е економијата, силната трговска размена со Русија а решението е да се одржат дијалогот и соработката со Москва која нема намера да излезе од Крим. Европа и САД, заедно со Русија, ќе бараат начин, преку преговори, да ја смират тензијата. Нова студена војна не е на дневен ред.


Вонреден НАТО состанок поради воената интервенција на Русија во Украина

“Свикав состанок на Северно-атлантскиот совет поради воената акција на Русија во Украина. И затоа што претседателот Путин и се заканува на оваа суверена нација”, рече генералниот секретар на НАТО според кој Русија ги нарушува принципите на ОН и им се заканува на мирот во Европа.


Европа ни нуди патоказ за компетитивна економија и вработеност

Од нас ќе се бара веднаш, уште во април, да направиме Национална програм со економски приоритети каде место треба да најдат инфраструктурата и енергијата. Потоа ЕК ќе испрати своја мисија и ќе направи препораки. Планот ќе се финансира преку новата ИПА програма на ЕУ за Балканот.


ЕК најави амбициозен план за економска реформа на Балканот

ЕК смета дека ниту една балканска земја не е функционална пазарна економија, дека невработеноста е висока а јавните дефицити и долговите се зголемуваат. Пречка за компетитивноста е политизацијата на пазарните принципи


Прво избори а потоа ЕУ помош во Украина

ЕУ одлучи да засега да не го потпишува ветениот договор за асоцијација со Украина и да чека да поминат изборите закажани за 25 мај а условена со реформи е и финансиската помош за Украина.


ЕУ се заканува со итни санкции против блиските на Јанукович

“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна. Ова е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече пејачката Руслана во Брисел додавајќи дека денес оди во Киев каде ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе санкции.



Сеул бара казна за злосторствата против човештвото во Појнгајнг

Извештајот што го изработи Комисијата на ОН, креирана во мај 2013 година во Женева, вели дека “стотици илјади политички затвореници умреле во логори во последните 50 години”. Тие се елиминирани преку намерно спроведени гладувања, присилна работа, егзекуции, торура, насилни абортуси и убивање на деца