Статии од Светлана Јовановска

Сеул бара казна за злосторствата против човештвото во Појнгајнг

Извештајот што го изработи Комисијата на ОН, креирана во мај 2013 година во Женева, вели дека “стотици илјади политички затвореници умреле во логори во последните 50 години”. Тие се елиминирани преку намерно спроведени гладувања, присилна работа, егзекуции, торура, насилни абортуси и убивање на деца


Франсоа Оланд, сам, во посета на пријателот Барак Обама

Двајцата претседатели нема да ги споделуваат љубовните маки туку ќе се свртат кон државничките прашања. Обама одлучи да му посвети посебна чест на Французот и го одведе на имотот Монтичело каде што живеел третиот американски претседател Томас Џеферсон, познат како франкофил.


ЕУ: најмногу корупција во тендерите

Во многу земји членки проблем е интегритетот во политичкиот живот, не постои правилник за однесување кој би спречувал корупција а и таму каде што тој постои неговата примена не е силна, многу пропусти се забележани и во финансирањето на политичките партии а најмногу корупција има во тендерите.



Шпанскиот воз на слободата се бори за правото на абортус

“Новиот закон е огромен неуспех и назадување на сите права за кои жените се избориле. Тоа е закон кој од нас бара да бидеме мајки тогаш кога владата тоа го сака. Тоа ја намалува нашата слобода на одлучување”, вели Викторија Гарсија од Здружението за рамноправност.