Статии од Влатко Чаловски

СОНК без одговор дали се приклучува на маршот на студентите

Фиксните телефони, електронската пошта, мобилните броеви, секретарките во СОНК, ниеден начин денеска не даде одговор на прашањето на НОВА за ставот на СОНК за утрешниот марш на студентите. Неофицијално внатре имало поделеност, а одлуката за поддршка или не, требало да биде донесена денеска


Активистите за спас на ГТЦ со кампања: „Во новата година со стариот ГТЦ“

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ продолжува под мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“, кампања која според граѓанскиот активист Никола Писарев треба да им докаже на приватните инвеститори дека мора да постои граница на капиталот и зачувување на интересот на граѓаните


Котевски: Снимките на „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка

Снимките кои ги објави „Фокус“ може да се паушални или по партиска нарачка и додека МВР не добие пријава од медиумот нема официјален став од наша страна, изјави за НОВА портпаролот на МВР Иво Котевски. Тој предупреди дека доколку Фокус има материјал и сознанија а не ги пријави тогаш се смета за директен соучесник во тоа


Кои се стандардите на ОБСЕ?

На кој документ се повикува ОБСЕ кога ја оценува регуларноста на избирачкиот процес? Кои се одредбите во тој документ на кои се обврза Македонија како членка на ОБСЕ? Какви беа оценките на оваа мисија за изборите од 1998 до денеска?


Скриена камера: ЈСП во служба на политичката кампања на ВМРО ДПМНЕ

Покрај граѓаните и шоферите се жалат дека фреквенцијата им е заглавена на една радио станица – „Радио Слободна Македонија“. И наместо предвиденото, класична музика во утринските часови, а потоа и динамичен ритам со текот на денот, во речиси секој автобус се слуша платена политичка програма, односно политички говори и емисии на кои најчесто се слушаат политичарите од власта


Жерновски: Милионската ограда за мостот „Слобода“ се чува во тајно депо

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска пред мостот „Слобода“ кај Холидеј Ин, објави фотографии кои ги пронашле во едното од депоата во градот за кои прашуваат дали ова е оградата чија цена во неколку наврати во јавноста беше различно претставена


МОСТ: Изборите поминаа во мирна атмосфера со одредени тензични ситуации

– Сепак, фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше, беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес, вели извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов


МОСТ: Малолетници и злоупотреба на државни ресурси во претседателските кампањи

Учество на малолетници на митинзите на политичките партии, злоупотреба на државни ресурси и партиски знамиња на бандерите, се дел од нерегуларностите кои МОСТ ги забележала на терен за време на предизборната кампања на кандидатите за претседател


Фантомски гласачи во имагинарни влезови во Кисела Вода

Вкупно 15 фантомски гласачи на адреса „Михаил Чаков бр. 7“ во општина Кисела Вода се наоѓаат на Избирачкиот список, утврдија денеска на терен набљудувачите на невладината „Цивил“; Претседателот на „Цивил“ Џабир Дерала повикува на реакција од ДИК


Стечајци: Груевски да не не манипулира дека ќе ни се помогне со долговите

Груевски да не лаже дека ќе им се подмират долговите на стечајците, тоа веќе се е наплатено, а Јанкуловска да не ги охрабрува полицајците да не навредуваат, побара претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска, на денешните мирни протести на стечајците