Од:

Австралија опен: Ѓорческа со прва гренслем победа во кариерата

Лина Ѓорческа ја забележа првата гренслем победа во кариерата што ја истакна како една од своите желби за 2017 година. Најдобрата македонска тенисерка ја совлада Американката Сакија Викери, 18 носителка, во првото квалификациско коло на Австралија опен. Мечот траеше час и 40 минути и 22 годишната тетовка на крајот славеше со 6:2, 3:6, 6:3.

Ѓорческа беше подобра тенисерка на теренот и покрај трите одиграни сета. На такво нешто укажува и статистиката од натпреварот. Имаше 11 аса, Викери запиша три, направи 3 двојни сервис грешки или две помалку од нејзината противничка. Во контекст на тоа и подобрата ефикасност на првиот сервис и во прецизно уфрлување и на освоени поени. Почетниот удар паѓаше каде треба во 66 отсто случаи (63/95) за разлика од 59 отсто на тенисерката од САД (57/97).

Ѓорческа освои и повеќе поени по прв сервис. Ги прослави вкупно 44, Викери 37, беше далеку подобра при излегувањата на мрежа (11/16) додека Американката беше на половичен ефект (4/8).

Ѓорческа направи пет брејка од 11 прилики и својот сервис го губеше трипати. Освои и шест поени повеќе во вкупниот збир (99:93). Во наредното коло ќе игра со Унгарката Далма Галфи, 160 рекет во светот, која на стартот на квалификациите ја елиминира Британката Мур со 6:7, 6:3, 6:1.