Од:

Бадникова ноќ на ножевите во Синдикатот: кој го штити Живко Митревски

Живко Митровски не ја дава фотељата во Сојузот на синдикатите на Македонија, а со помош на институциите таа се чува по секоја цена, но најскапата ја плаќаат работниците. Ноќ на долгите ножеви во Синдикатот, вака еден од синдикалците ни ја опиша тензичната ноќ која тие ја имале кога приватно обезбедување најмено од разрешениот претседател Живко Митревски  ноќта во 5 часот дошло и со тупаници и насила ги протерало од студениот хол од зградата на синдикатот. В.д претседатеалот Дарко Димовски заврши во болница, а Митревски ја освои зградата и денеска обезбедувањето беше таму и ја држеше заклучена. Митревски неодамна беше разрешен од  фунцкијата претседатател. Со мнозинствно гласови синдикалните претставници на различните гранкови синдикати му рекоа „Доста е“ на Митревски. Но, тој не ја прифати оваа одлука. Синдикалците обвинуваат дека институциите го штитат Митревски, па така, Централниот регистер одбивал да го впише новото раководство во документите. Управниот суд одбивал да одлучува, а тие со денови ја чуваа зградата која вчере насилно им беше одземена, а тие протерани.

А кој е Живко Митровски и кој и зошто го штити? Во 2008 година беше избран за лидер на синдикалците откако ССМ донесе одлука за разрешување на Ванчо Муратовски, или, тој стана претседател на истиот начин како Димовски. Тогаш Муратовски ја прифати одлуката, а Митровски без проблеми стапи на функција. Денес тврди дека не требало така.

Имаал ли шанса работничките права? Погледнете ја видео сторијата.