Од:

Балкански форум: Може ли ЕУ да помогне да се решат конфликтите на Балканот


Може ли ЕУ да помогне да се решат трите постконфликтни проблеми на Балканот: Босанскиот лонец, Kосово и грчко-македонскиот спор кои ги кочат европските интеграциi на Балканот.
На овие прашања одговараат европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Милтијадис Киркос и професорот и директор на Институтот за Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац.

Ова е првата од серијата дебати во Европскиот парламент базирана на истражувањта изготвени од експертите ангажирани од „Европскиот фонд за Балкан“ кој што неодамна ја објави студијата „Неостварени ветувања: завршување на процесот на проширување на Балканот“ во која што се разработени повеќе сценарија за иднината на Балканот во европските интеграциски процеси.

Дебатата е поддржана од „Европскиот фонд за Балкан“, а е реализирана во партнерство помеѓу НОВАТВ и Еуропарл ТВ од Брисел. Домаќини се Борјан Јовановски и Пол Андерсон.