Од:

Бан Ки Мун на полноќ заминува разочаран од светското лидерство

 

Како финален чин пред да заврши неговиотт мандат, вечерва на полноќ Бан Ки-Мун како генерален секретар на Обединетите нации, ќе ја исполни својата последна церемонијална должност – ќе го започне спуштањето на познатата „Вотерфорд“ кристална топка, со што ќе започне одбројувањето до почетокот на 2017 година.

– Милион лица ќе гледаат како ја губам работата, истакна со широка насмевка на лицето Бан Ки-мун кој вечерва си оди, а по него доаѓа поранешниот португалски премиер Антонио Гутерес.

Светските весници пишуваат дека го остава ОН со пожари што уште горат од Сирија до Судан, а светскиот мир под еден од најтемните облаци во историјата, а од друга страна му успеа да го донесе глобалниот договор за справување со климатските промени и борба против нееднаквоста и сиромаштијата.

Во ретко виден критицизам кон светските лидери, за превирањата во светот во својот последен говор тој обвини неименувани претседатели, премиери и монарси и рече дека е разочаран дека повеќето се грижат за враќање на моќта наместо за подобрување на животите на луѓето.

Најави дека и по напуштањето на Обединетите нации, тој ќе продолжи да се застапува за тоа новите и долгогодишни лидери да се застапуваат за принципот дека меѓународната соработка треба да се одвива поради подобар, попросперитетн и помирен свет и да се демонстрира внимателно лидерство.