Од:

Барокна фасада и за Народна банка

Нова барокна зграда за Народна банка на Македонија, планира да гради Владата, јавува Телма

Огласот е веќе објавен и во него се бара фирма кој ќе изгради објект на 8 ката на простор каде што е сега е зеленило, меѓу новото Министерство за надворешни работи покрај Вардар и објектот на Македонската опера и балет зад него.

Огласот трае до 30 март кога во Народната банка, која се јавува како договорен орган, ќе се отворат понудите. Во огласот е наведено дека објектот ќе почне да се гради кон крајот на второто тромесечје, односно кон крајот на јуни, а на изведувачот ќе му биде платено авансно, односно плаќањето ќе биде однапред.

Идејното решение за зградата е на архитектите Никола Стакинов и Лазар Димов, кои веќе имаат победено на неколку огласи за новите згради од ,,Скопје 2014-та”, а најмногу во проектите за менување на фасадите во центарот на Скопје.

Проектот за нова зграда за Народната банка почна уште пред три години. Тогаш од банката изјавија дека тие немаат врска со идејното решение каква ќе биде зградата, туку е избр на Министерството за транспорт, а НБМ го добила заедно со земјиштето за градење, кое и го доделило Министерството.

За ,,Скопје 2014” Македонија досега плати 560 милиони евра.