Од:

Џорџ Мајкл почина на 53 годишна возраст

Светската музичка ѕвезда Џорџ Мајкл којшто својата кариера ја започна во 80-тите во британското дуо Wham (ВЕМ), за потоа да продолжи соло и така да го достигне својот најголем успех, „замина мирно во својот дом“, ќе напише во соопштението за печат неговиот пулицист, а пренесува ББС.

Локалната полиција и амбулантно возило ноќва го посетиле неговиот дом и според извештајот, нема знаци на насилна смрт.

Џорџ Мајкл имаше 53 години. Тој беше пејач, текстописец и музички продуцент. Неговите синглови се продадоа во повеќе од 80 милиони копии, а неговиот деби албум Faith (Верба) од 1987 година се продаде во 20 милиони копиии ширум светот. Првиот сингл од овој албум, I want your sex, беше забранет за емитување на многу радиостаници во Велика Британија и светот поради своите сексулани сугестивни стихови, како што ќе се изрази ББС во тоа време која меѓу првите го забранува овој сингл.

Својата сексуалност на свои 19 години Џорџ Мајкл најпрво му ја открива на својот најдобар пријател Ендрју Ридгелеј со кого го формираат ВЕМ. Тогаш Мајкл му се доверува дека е бисексуалец. Подоцна во интервјуа тој ќе зборува дека многу често спиел со жени, но никогаш не почуствувал дека може да развие врска со нив, затоа што „потсвесно знаел дека е геј маж“.

Џорџ Мајк имаше и политички ангажирана музика. За време на владеењето на Маргарет Тачер, тој јавно се декларираше како лабурист. Песната Shoot the dog (Убиј го кучето) беше критична кон вклученоста на САД и Велика Британија во војната во Ирак. Тој и јавно говореше за  тоа дека британските граѓани не биле прашани за нешто толку важно како вклученоста во „војната на теророт“. Тој беше активист за човекови  права, еднаквост, борбата против сиромаштија.

Во 2007 година својот концерт во Софија им го посвети на медицинските сестри кои беа осудени на смрт во Либија поради наводно намерно заразување на деца со ХИВ, а сестрите сведочеа дека биле мачени за да признаат.

Мајк беше активен во собирањето  средства за сиромашни и болни деца и собра десетици милиони долари за овие цели.

Во последните години тој неколку пати се бореше со влошено здравје, меѓу кои и тешка пневмонија во 2011  од којашто едвај се извлече, за во мај 2013 да се здобие со сериозна повреда на главата при сообраќајка. Причините за смртта се уште не се објавени.