Од:

Белгискиот премиер вели дека во Европа ќе има нови терористички напади

Белгискиот премиер Шарл Мишел верува дека во Европа па дури и во Белгија може да има нови терористички напади, изјави тој во интервју за белгискиот дневник Ла Либр Белжик.

По терористичките напади во Брисел од 22 март годинава, белгискиот парламент се подготвува да креира анкетна комисија која ќе започне со работа на 14 април и која има мандат до крајот на годината за да се утврдат евентуалните одговорности на владата и нејзините институции кои не го спречиле нападот. Едно од барањата е нова реформа на државата.

Но, според премиерот, нова реформа нема да донесе ништо ново за терористичката закана.

Во Белгија и понатаму е на сила третото ниво на тревога а за Мишел она што е значајно е да се направи се што е можно за да се подобри капацитетот за акција на безбедносен терен.

Мора да се подобри координацијата помеѓу различните служби задолжени за безбедност и превенција, вели премиерот но додава дека структурата на државата не треба да претпри промени.

  • Денес приоритет е функционирањето на институциите такви какви што се, вели тој одбивајќи дебата за нова реформа на белгиските институции.