Од:

Белји се сретна со Груевски

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, тукушто излезе од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје каде што имаше средба со претседателот на партијата Никола Груевски. Новинарските екипи го чекаа надвор по средбата, но тој во многу кусата изјава истакна дека САД е партнер на Македонија и дека тој сака и од Груевски и од другите партии кои освоија мандати да поразговара за иднината на земјата.

Ја ценам можноста да слушнам за изборите и патот напред. Како што знаете, САД е партнер на оваа земја и ние имавме добар разговор. Јас ќе имам слични состаноци со останатите лидери на партиите кои добија мандат на овие избори, рече Бејли.

Вчера вечер на протестот на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ говори држеа некои од водечките лица на партијата, помеѓу нив и членови на извршниот комитет и носителите на листи кои и вчера и денес ги повикуваат граѓаните пред Државната изборна комисија. Во еден од тие говори, директорот на Државниот архив, Филип Петровски, упати порака до „Амбасадорот“ (како што го нарече) со суптилни закани до него укажувајќи му да си оди од земајва. Иако не беа споменати ниту Бејли ниту САД, јасна беше алузацијата за кој амбасадор станува збор. По ова денеска Бејли влезе во седиштетот на партијата и разговараше со Груевски.