Од:

(ВИДЕО) Билд: Решението е во Уставот

По денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Карл Билд посочи кон Уставот, кој го гледа како решение на политичката криза во Македонија, откако претстедателот Иванов одбива да го даде мандатот на парламентарното мнозинство, односно на лидерот на СДСМ, Заев:

“Нема да коментирам додека не се сретнам со сите. Имате Устав, имаше избори. Устав кој е усогласен со оној на ЕУ, а тоа понекогаш може да претставува проблем, тоа ни е познато, изјави ,

„Бев свесен дека нема да се видам со Претседателот Иванов, но клучно беше да се сретнам со претставници на политичките партии, а не со Претседателот. Со оглед на тоа што не се сретнавме, не ми се познати неговите ставови. За сè има решение.

Без разлика дали станува збор  за Македонија, Грција, Шведска…клучот за решение на проблемот е  секогаш во Уставот. Македонија е предводена од Македонци, но Македонија сака да биде членка на ЕУ, односно да ги продолжи преговорите и јас лично ја поддржувам во тој процес со години. Тука е секако проблемот со името, но и други проблеми кои треба да се решат. Постојат демократски стандарди кои треба да се почитуваат , ако сакате да бидете дел од ЕУ, изјави Билд.

Билд ќе оствaри средби и со претставници на ДУИ, БЕСА, и ВМРО-ДПМНЕ.