Од:

Билд во Скопје дошол со неколку идеи за разврска на кризата

На неочекуваната посета и разговори со македонските политичките лидери од на екс-министерот за надворешни на Шведска, Карл Билд, биле разгледани неколку идеи за разврска на кризата, изјавуваат за НОВА високи извори, кои инсистираат на анонимност.

Билд официјално, по средбата со лидерот на СДСМ Заев и потпретседателката Шеќеринска, го соопшти неговиот став дека Уставот е всушност одговорот на сите решенија

-Без разлика дали станува збор  за Македонија, Грција, Шведска…клучот за решение на проблемот е  секогаш во Уставот. Македонија е предводена од Македонци, но Македонија сака да биде членка на ЕУ, односно да ги продолжи преговорите и јас лично ја поддржувам во тој процес со години. Тука е секако проблемот со името, но и други проблеми кои треба да се решат. Постојат демократски стандарди кои треба да се почитуваат , ако сакате да бидете дел од ЕУ, изјави Билд.

СДСМ пак, од своја страна објави дека Заев му предочил на Билд дека претстои брз и мирен трансфер на власта:

-Ќе биде брзо избран новиот  претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта, изјавил Заев.

Средбата со раководството на СДСМ е прв дел од разговорите со политичката елита во Скопје- во агендата стојат разговори со ДУИ, БЕСА, и ВМРО-ДПМНЕ, додека само со претседателот Иванов не е планирана средба, иако официјално не е понуден одговор зошто таа изостанува.