Од:

Битка за храна: Осум загинати, 28 повредени во стампедо во Замбија

Најмалку осум луѓе загинаа, а 28 се повредени во стампедо во главниот град на Замбија, Лусака, кога десетици илјади луѓе се втурнале да земат пакети со храна, соопшти полицијата.

Полицијата отворила истрага за стампедото кое се случило кога 35.000 луѓе кои се обиделе да влезат во спортската сала каде Црквата на Христос делела пакети со храна.

Во Замбија, 60 отсто од населението живее под границата на сиромаштија, а меѓу нив 42 отсто спаѓаат во категоријата екстремно сиромашни, соопшти Светската банка.