Од:

Бојкотирана наставата и во тетовските училишта

Трет ден бојкот низ тетовските училишта. Учениците од средното економско училиште иако беа присутни на часовите, сепак предавања немаше. „Автономната зона“ продолжува во тетовската гимназија, а се бојкотираше и во земјоделското училиште „Моша Пијаде“.

Средношколскиот Пленум информира за продолжувањето на бојкотот во Тетово. И покрај притисоците и кон средношколците, и кон нивните родители, бојкотот се шири низ тетовските средни училишта. Присуство на часови, а без настава имало во економското училиште. Во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ пак, втор ден од „автономната зона“ во која наставата е заменета со алтернативни предавања.

Претставници на Пленумот реагираат и на одлуката со која МОН од средните училишта бара родителите да потпишат согласност за бојкотот на средношколците.

„Станува збор за класична злоупотреба на моќ со која МОН сака да го саботира бојкотот. Со одлука на министерството, денеска ќе се оддржат родителски состаноци на кои ќе биде побарана согласност од родителите околу бојкотот. Евтин трик на МОН како да го спречи бојкотот“, изјавија од Средношколски Пленум.

Оттаму информираат дека наставата се бојкотирала и во средното стручно училиште „Моша Пијаде“, а веќе стигнуваат и најави за бојкот од други паралелки. На бојкот се подготвува и медицинското училиште „Никола Штејн“.

* Средношколски бојкот под притисоци: Ако сакате да бојкотирате, ќе мрзнете надвoр