Од:

Борисов: Само стабилна власт може да ги смири страстите во Македонија

-Единствено стабилна власт во Македонија може да ги смири политичките страсти во државата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за бугарската ТВ Плус и најавил средба со новата влада за европската иднина на земјава.

Агенцијта БГНЕС пренесува дека Борисов потсети дека на Бугарија претстои претседателство со ЕУ, на чија агенда ќе биде и проширувањето на Унијата.

Тој во интервјуто вели дека за време на драматичната вечер во Собранието на 27 април, разговарал телефонски со претседателот Ѓорге Иванов, како и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски.