Од:

Босна и Херцеговина го слави Денот на независноста

Денеска во Босна и Херцеговина се одбележува „Денот на независноста“ откако на 1.март 1992 година се одржа референдумот за одделување од СФР Југославија.

Србите во БиХ сепак овој датум не го одбележуваат бидејќи го доживаат како ден на кој е донесена нелигитимна одлука од страна на муслиманскиот народ и хрватскиот, против интересите на Србите.

На референдумот гласаа вкупно 2.073.568 гласачи, а излезеноста беше 63.6 отсто. Од нив, 99.4 гласаа „за“ независност додека 0.3 „против“. Прашањето гласаше „Дали сте за суверена и независна Босна и Херцеговина, држава на рамноправни граѓани на народот на Босна и Херцеговина – Муслимани, Срби, Хрвати и припадниците на други народи кои живеат во неа?“

Пред БиХ, кон крајот на 1990 година сличен референдум одржа и Словенија а година покасно и Македонија и Хрватска.

Со Бриселската декларација за Југославија од декември 1991 година, по препорака на меѓународната Арбитражна комисија, претставувана од Роберт Бадинтер, донесена е дисолуција а републиките беа повикани до 23.декември да се изјаснат за независноста.

Земјите добија ветување дека до 15.јануари 1992 година ќе бидат меѓународно признаени.