Од:

Британија на 29 март официјално го започнува Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј следната среда на 29 март и официјално ќе ја извести ЕУ дека Велика Британија ја напушта Унијата.

Даунинг стрит соопшти дека таа ќе напише писмо со кое ќе ги извести сите 27  земји членки на ЕУ, во кое ќе наведе дека очекува преговорите за тоа да започнат што е можно поскоро.

Портпаролот рече дека амбасадорот на Обединетото кралство во ЕУ, Сер Тим Бароу за ова го информирал Европскиот совет, што го предводи Доналд Туск.

Според Членот 50 од од Лисабонскиот договор, Британија не може да го започне процесот официјално, се додека не го извести претходно членките на ЕУ.

Доколку се оди според планираните двегодинишни преговори, Брегзит би можел да се случи во март 2019.