Од:

Британската полиција ослободи шестмина уапсени за нападот во Лондон

Британската полиција ослободи шестмина од десетмината уапсени за нападот во близина на Парламентот во Лондон.

Шестмината, две жени и четворица мажи се уапсени во Бирмингем, каде донеодамна живеел и напаѓачот Халид Масуд. Сите тие се уапсени под сомнение за подготовка на терористички напади.

Четири лица и натаму остануваат во притвор.

Полицијата претпоставува дека Масуд дејствувал сам, но истражува дали има и други, кои му помагале да го подготви нападот.

Британскиот министер за прашањата за Блискиот Исток и Африка Тобајас Елуд, кој му пружи прва помош на полицаец ранет во нападот беше удостоен со почесна титула од кралицата Елизабета, соопшти кабиенетот на британскиот премиер.