Од:

Броени денови

Пишува: Александар Петров

Привршуваат подготовките за враќање дома.Колку тоа убаво звучи! Ќе биде еден радосен престој и мерак за душа. Овој пат се враќам заради обврската која ми следи,инстинктивно, за да ја искористам последната и доследната индивидуална опција што ми преостанува. Да точно е, надвор живеам долги години, се борам секојдневно со друга реалност, но родната свест ми е многу позначајна од било која друга. Така ќе биде се додека опстојувам во мојот живот, размислувајќи на сопствен ,мајчин јазик.

Можеби кога ќе преовлада туѓиот лингвизам во мојата потсвест, ќе биде различно, но дотогаш  секое зло извршено спрема сопственото окно ќе ме боли, засега исто како и секој останат во Македонија.

Затоа мојот  глас како никогаш досега не ќе добие толку на значење. Тоа ме прави поголем оптимист и ме тера да бидам  присутен, близок во најтешкиот момент, кој мораме колективно да го пребродиме.

Ми се чудат овде во странство дека се враќам  само заради тоа ситно демократско право. Просто им е незамисливо. Можеби до пред некоја година и јас ќе реагирав така, но после сите маки, поделби и кражби низ годиниве, станав свесен дека ова е последна слободна прилика за делување, за мене, за моите и сите останати кои одлучија да останат таму, но и оние другите кои не го сторија тоа. Со тоа и ќе го искористам  моментумот за повторно да се собереме во домашен амбиеент и да се радуваме едни на други.

Ги испечатив и авионските карти. Ќе летам директно за Црна Гора,каде што ќе ме чека татко.

И тој живее во туѓина веќе долги години, се бори за живот до крај, не се дава стариот. Веднаш кога ќе слетам, ме зема од аеродром и фаќаме правец – Скопје. Си спремив и цд компилација за музичка придружба што ќе не бодри по пат. Размислувам и некое знаме да развееме, да го закачиме при автомобилот, во некоја боја, зашиено од искинати крпи најдени набрзина и така избледено да ни се вее во позадина.

Дома ќе не пречекаат мајка ми и сестра ми. Многу се радуваат. Спремаат дома, за ручек, за вечера, мир немаат, само прашуваат кога ќе стигнеме.

Еве да ги поздравам јавно !

Во недела ќе уживаме во  ручекот сите заедно и веднаш откако ќе завршиме ќе се подготвиме и  така дотерани ќе  одиме на гласање!

Во последниот јазол од нашето битие, сплотени и гордо обединети!

Да не им дозволиме повеќе!

Песнава од Ману Чао ви ја посветувам на сите вас кои како мене верувате во иднината, нека не бодри до крај!!!

C’est la panik en Afrique

Panik en Amérique

Panik aux fanatiques

Tak tik tak tik tak tik

C’est la panik, panik, panik

Sur le périphérique

Trop de traffic

Panik économique

Panik aux Assedics

Panik à la boutique

Panik démographique

Paniker sans plastique

C’est la panik, panik, panik

Sur le périphérique

Trop de traffic

Tik tak tik tak

Panik démocratique

Catholique islamique

Panik écologique

Totale bombe atomique

C’est la panik, panik, panik

Sur le périphérique

Trop de traffic

*Александар Петров е архитект,дипломиран при универзитетот во Феррара(Италија),во класата на Џовани Корбелини.Како стипендист на регионот Емилиа Ромања стручно се усовршува во Зареб,под водство на професорот Хрвоје Њирич.Од 2006 година работи низ различни архитектонски студиа помеѓу Џенова и Милано.По краток престој во Мелбурн,се специјализира во проектирање на инфраструктури ,за да од 2013 константно е ангажиран на проектот за проширување на Аеродромот –Марко Поло – во Венеција. Има изведено и различни објекти низ Скопје и Милано.Во неколку наврати предава во 3та година на катедрата проектирање,при кампусот Леонардо ,во Милано.Од 2015 година е колумнист на НоваТВ,во борба против глупоста,наречена Скопје2014.