Од:

Бројка за капа долу: Јунајтед е прв тим со 600 победи во Премиерлигата

Манчестер Ј. е првата екипа до 600 победи во Премиерлигата. Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ (суспензија) и Пол Погба (повреда), „црвените ѓаволи“ го совладаа Мидлсборо со 3:1 во рамки на 28 коло и за првпат по 184 денови се вратија на петтото место на табелата.

Јунајтед воедно го одигра 18 натпревар без пораз. Последниот го доживеа лани во октомври од Челзи (0:4), но и покрај одличната низа добри резултати, тимот напредуваше само две места на табелата. Трите најдобри екипи ќе обезбедат директен пласман во Лигата на шампиони, четвртопласираната селекција ќе игра квалификации за елитното натпреварување на УЕФА. Петтото место носи учество во групната фаза во Лига Европа.

Премиерлига

Резултати, 28 коло

Тотенхем – Саутемптон 2:1

Мидлсборо – Манчестер Ј. 1:3

Борнмут – Свонси 2:0

Вест Хем – Лестер 2:3

Сандерленд – Барнли 0:0

Стоук – Челзи 1:2

Евертон – Хал 4:0

Кристал палас – Вотфорд 1:0

ВБА – Арсенал 3:1