Од:

Брза потврда од Валенсија: Барди во Леванте до 2020 година

Фото: levanteud.com

Енис Барди и официјално е нов член на Леванте. Македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со шпанскиот прволигаш од Валенсија со опција за продолжување на соработката за дополнителни две сезони.

Зделката со играчот за врска ја потврди клубот на својата интернет страница и преку своите налози на социјалните мрежи. Барди замина во Шпанија од тимот на Ујпешт чии претставници во преговорите со Леванте се заштитија со клаузула според која унгарскиот клуб ќе има право на побарување на 10 отсто од вредноста на наредниот трансфер на фудбалерот.

Услугите на Барди го чинат Леванте 1,5 милиони евра. Официјалната промоција на репрезентативецот на Македонија е најавена за утре попладне (17 ч.) во прес-центарот на „Естадио Сиудад“ во Валенсија.