Екологија

Марш: „За очи заштита имаме, но за бели дробови немаме“

Маршот ќе го поддржиме со паролата „За очи заштита имаме, но за бели дробови немаме“, за таа цел членовите и симпатизерите на МОДОМ ќе носат очила и големо платно со оваа порака


Јавна молба од ЕКО ЛОГИК: Сограѓани, дајте да ни проработи свеста

„Тие што работното место им е во близина, пешачете, на тие што не ви е ладно возете велосипед, а останатите качете се во јавните автобуси, нема ништо лошо, а ни срамно во тоа. Не сте помалку вредна личност ако немате или не користите кола секој ден…“, се вели во молбата


БЕГ предлага приклучување кон централното греење за намалување на загаденоста

БЕГ предлага надлежните институции да донесат мерки во насока на приклучување кон системот на централно греење на јавните, деловните и приватните субјекти кои имаат приклучок или достапност до топловодната мрежа


Граѓаните се задушуваат, надлежните се повикуваат на процедурата

Доколку квалитетот на воздухот не се подобри во текот на 10 последователни дена, дури тогаш според процедурата, министерот за животна средина Абдулаќим Адеми најави дека ќе се преземат конкретни чекори



Петиција до премиерот Груевски за загаденоста на Скопје

Жидас Даскаловски, Пенчо Кузев, Марија Ристевски и Татјана Атанасовска Гроздановска со онлајн петиција од премиерот Никола Груевски бараат да стори се што е во неговите можности за да се спречи прекумерното аерозагадување на Скопје и сериозните импликации што тоа ги предизвикува врз граѓаните


Протесен марш: Да го спасиме Водно

Од собирот се упатува проглас до надлежните локални и државни органи, во кој се бара веднаш да се престане со урбанизацијата и безмилосното уништување на парк-шумата Водно, која за Скопје и Скопјани претставува најблиска оаза на чист воздух и спас од загадувањето, бучавата и урбаниот метеж


Алармантна загаденост: Скопје повеќе од 100 дена со концентрации над дозволеното

Воздухот во Скопје годинава повеќе од 100 дена бил загаден со измерени концентрации 7-8 пати над дозволеното- според официјалните податоци на Министерство за екологија



Фени нема да согорува повеќе гуми од дозволеното

На вчерашната жестока расправа во Кавадарци околу загадувањето на Фени, атмосферата ја подгреале работниците од Фени кои во поголем број биле донесени да присуствуваат на дискусијата