Емисии

Брисел има многу добра волја да тргне кон преговори со Македонија

Новите сигнали од Скопје се добри но прерано е да се каже дали Македонија наскоро ќе добие датум за старт за преговори за членство со ЕУ. Но за ЕУ проширувањето кон Балканот најпосле стана приоритет.


Нов обвинител:Зошто Наков сака да биде прoтивкандидат на Катица Јанева

Томислав Кежаровски новинар и Александар Наков поренешен обвинител и судија, дебатираат за начинот на кој судиите треба да бидат сменети, како и за калкулациите за нов наследник на Марко Зврлевски


Милевски: Косел нема да се активира, тлото ќе се смирува постепено

Има ли опасност од разорен земјотрес во Охридскиот регион? Кога се очекува да се смири тлото? Потои ли опасност да се активира вулканот Косел? Што се случува со природата, дали ослободената енергија е гаранција дека нема да има земјотреси во наредните неколку децении?


Заедничка азбука: Го учиме зборот ПРАВДА-македонски, албански и турски

Во оваа епизода на “Заедничка азбука”, го учиме зборот Правда- на македонски, албански и турски. Учествуваат: Аделина Марку- дипломат, Славчо Димитров,-теоретичар на култура и род…



ПРОЦЕС: Центарот за цистична фиброза ги раскара пациентите и лекарите

Како одлуката на претходната власт да се направи Центар за цистична фиброза во болницата во Козле наместо на Клиниката за детски болести, ги подели пациентите и ги раскара лекарите. Кој и зошто врши притисок врз пациентите?



Царовска: Со итна реформа ќе се решат многу социјални проблеми

За реформата која социјалните работници треба да ги доближи до граѓаните, за проблемот со бездомниците и децата на улица, за измените во законот за лицата со посебни потреби, како и измените со кои посвоените ќе можат да ги дознаат своите биолошки родители, во ПРОЦЕС зборува Мила Царовска министерка за труд и социјална политика.   



Како пропадна трансплантацијата: Нова шанса да се крене од пепелта

Кој и зошто ја уништи трансплантацијата во Македонија? Како се тераше владина, а не национална кампања?Која беше улогата на Националниот координатор Софијанова, зошто никогаш не се спротистави на ваквите политики?