Процес

ПРОЦЕС: Отфрлена од системот поради сметки за радио-дифузна такса

Емисијата ПРОЦЕС го анализира случајот на Слободанка Петровска која не може да си ги оствари своите граѓански права бидејќи на име на нејзината фирма која е ликвидирана уште пред 10 години, се уште пристигнуваат сметки за радио-дифузна такса


ПРОЦЕС: Кој ги штити интересите на медицинските сестри кои останаа без работа

Над 80 медицински сестри останаа без работа како резултат на реформите кога матичните лекари од јавното здравство станаа концесионери. Тие обвинуваат дека тогаш на лекарите им беа дадени сите права, а тие добиле само обврски. Осум години подоцна, дел од нив останаа на улица


ПРОЦЕС: Рекорд за Гинис- судски спор долг цели 17 години

Штипјанецот Славчо Митевски води судски спор цели 17 години. Неодамна Судот во Стразбур донесе одлука, Македонија да му исплати оштета на Митевски заради судење во неразумен рок. Каде затаиле институциите? Зошто државата ги троши парите на граѓаните, наместо да ги санкционира институциите?


ПРОЦЕС: Каде затаија институциите во случајот со Самедин Неби

НОВА започнува со нова емисија, ПРОЦЕС во која ќе ги реконструираме случаите, ќе анализираме дали институциите затаиле, дали имало причина за жалба или не. Самедин Неби две години не може да си ги добие парите од Министерството за здравство, за операција на неговата сега почината сопруга