Процес

ПРОЦЕС: Институциите ги кршат човековите права и создаваат граѓани од втор ред

Во Македонија институциите се тие што не ги почитуваат човековите права на ризичните категории граѓани. Во болниците зависниците од дрога се изолираат во посебни соби, обележани со жолти ленти на вратите. Ваквата ситуација државата ја вбројува во една од најконзервативните и нетолерантни земји во Европа.


ПРОЦЕС: За еден месец 1000 Роми се вратени од граница

За тоа, како се враќаат Ромите од граничните премини, зошто и на кој начин полициските службеници ги надминуваат своите овластувања, што превзема МВР, како ќе се рефлектира во државата, Нацрт законот на германската влада за Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да се прогласат за „земји со сигурно потекло“ се зборува во новата епизода од Процес


ПРОЦЕС: Лошо испланираните набавки предизвикаа инсулинска криза во Македонија

Алармантната состојба со инсулинската криза е тема на емисијата ПРОЦЕС, прва од оваа сезона. Лошо испланираните набавки, принудната смена на инсулинот, стравот на лекарите да прозборат јавно, го доведоа во опасност животот на 24 илјади дијабетичари, особено на децата


ПРОЦЕС: Малиот Леон е жртва на институциите на системот

Случајот со Малиот Леон кој деновиве го сврте вниманието на јавноста, отвори многу прашања и дилеми. Во оваа емисија на ПРОЦЕС разговараме што можеле институции и сите инволвирани да направат за детето да биде згрижено така како што треба. Кој се е одговорен за тортурата врз детето, уште колку вакви случаи има во државата


ПРОЦЕС: Царинската управа контра правната регулатива

Не постапувањето по правосилните решенија не е непознато во македонската пракса. Два такви карактеристични случаи има во Царинската управа каде двајца поранешни вработени кои биле незаконски избркани од работа, не можат да се вратат на своите работни местa и покрај одлуката на Второстепената комисија на владата


ПРОЦЕС: Државата должник на лицата со посебни потреби кои имаат фирми

Кога граѓаните и должат на државата тогаш стапува на сцена принудната наплата. Но, кога државата им должи на граѓаните постојат други правила на игра. Во ПРОЦЕС овој пат разговараме за проблем кој го создава државата, за луѓето со посебни потреби кои самите заработуваат за живот, а Министерството за труд и социјала со месеци не им ги враќа парите за придонеси кои тие ги уплаќаат редовно до 15-ти во месецот


ПРОЦЕС: Наместо да го чуваат редот полицајците се почесто тепаат

Загрижувачки пораст на случаи каде граѓани биле тепани и малтретирани од полициски службеници, односно Алфи. Во последниот извештај на секторот за Внатрешна контрола на МВР има околу 1600 пријавени случаи за употреба на сила од оние кои што треба да го чуваат редот и мирот


ПРОЦЕС: Граѓаните плаќаат сметки за парно кое не го добиваат

Граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење добиваат сметки, но и тужби да платат за нешто што не го добиваат. Процес анализира кој е во право, компанијата БЕГ или граѓаните. Повеќе за ова погледнете во видеото.


ПРОЦЕС: Отфрлена од системот поради сметки за радио-дифузна такса

Емисијата ПРОЦЕС го анализира случајот на Слободанка Петровска која не може да си ги оствари своите граѓански права бидејќи на име на нејзината фирма која е ликвидирана уште пред 10 години, се уште пристигнуваат сметки за радио-дифузна такса


ПРОЦЕС: Кој ги штити интересите на медицинските сестри кои останаа без работа

Над 80 медицински сестри останаа без работа како резултат на реформите кога матичните лекари од јавното здравство станаа концесионери. Тие обвинуваат дека тогаш на лекарите им беа дадени сите права, а тие добиле само обврски. Осум години подоцна, дел од нив останаа на улица