Секуловска

Хајредини: Ќе дојде време кога Груевски ќе одговара за неговите политики

Интервју со поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини: За болниците- странски инвестиции во кои Македонците нема да смеат да се лечат, зошто Владата вели дека имаме економски раст а сиромаштијата е се поголема и животниот стандард се понизок


Милчин: Светот ќе дознае кој пали пожари во Македонија

Македонија беше заборавена како tera incognita, но со последните случувања повторно ќе го сврти вниманието на меѓународната заедница и ќе се види кој пали пожари, а кој гаси во Македонија, а кој се прави дека пали, вели во Студио на НОВА, Владимир Милчин, првиот човек на фондацијата Отворено општество


Милица Стојанова: Вистинските уметници не им велат благодарам на министрите

Легендата на македонското но и екс- Југословенското глумиште, Милица Стојанова, во интервју за НОВА: Со порака да се биде борбен и да се крене гласот против неправдите, за улогата на уметниците и политиката, за златниот театар и Скопје 2014, во последните критики насловен како “Шизниленд”


Семејни студии: „За“ и „против“ разводот и хомосексуалноста како девијации

Универзитетската професорка Татјана Стојановска Иванова која ќе биде дел од катедрата за семејни студии и активистката за човекови права Марина Трајкова дебатираат на тема развод и хомосексуалнот и нивните квалификации во новите студии како девијации


Груевски нека ја докаже душевната болка од Заев на суд

Гостин во студиото на НОВА е адвокатот на Зоран Заев, Мирослав Вујиќ кој треба да го брани лидерот на опозицијата на суд од премиерот Никола Груевски. Премиерот го тужи Заев за клевета за аферата „Македонска банка“ и од него бара половина милион евра


Зошто е потребна канализација, кога имаме барок?

Проф. Петар Муличковски и проф. Мирослав Грчев дебатираат за причините зошто не се гради соодветна инфраструктура во Скопје, како заштита од поплави и други непогоди, за одлуките на власта да се трошат парите на граѓаните за Скопје 2014 наместо за нивните потреби, дали власта е во служба на народот?


Заев: После Конгресот ќе повикам на единство

Интервју на Зоран Заев, лидерот на СДСМ: За предлогот на Црвенковски да стане лидер Пендаровски, за начинот како ќе делуваат странците во политичката криза, вели дека повторно ќе вадат криминални афери на власта


Најчевска vs Чомовски: За и против одлуката на СДСМ да не се признаваат изборите

Проф. Мирјана Најчевска и Александар Чомовски, новинар: Дали Заев требаше да не се согласи воопшто да оди на избори или мораше да чека да ги документира аргументите, има ли шанси за техничка влада и дали Груевски би се согласил на таков компромис?


Институциите да ги проверат тврдењата на Заев за митото на Груевски

Бујар Османи, ДУИ и Алберт Муслиу, аналитичар, со коментар за обвинувањата на Заев за корупција на Груевски. Дали ДУИ ја извојува победата на Иванов во првиот криг со бојкотот? Дали ќе добијат претседател во Собранието и дали покрај се ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ?


“Нерегуларните избирачки листи, стравот и поткупувањето носат победа за власта”

Дебата на Рамадан Рамадани и Никола Гелевски, аналитичари: “Без попис, ниту едни избори не се демократски ниту ја покажуваат вистинската избирачка волја, се е во рацете на власта и граѓаните се плашат но и се корумпирани на разни начини. Албанските партии помагаат во победата на власта”